Костовски: Зошто Мицкоски лично и директно ја попречува истрагата за Кочани
Зошто обвинителството ги амнестираше од одгворност сите актуелни полициски функционери на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени? Дали обвинителството ги заштитува од одговорност овие луѓе по наредба на Христијан Мицкоски? Зошто Христијан Мицкоски лично и директно ја попречува истрагата за Кочани, праша Мартин Костовски од СДСМ.
Дополнително праша дали се плаши дека доколку обвинителството постапи соогласно закон, истрагата за пожарот ќе доведе до него.
За Костовски е нејасно зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од година дена е началник за криминалистички работи во Кочани.
„Дали и Донев како и останатите полициски функционери на ДПМНЕ во Штип и Кочани е дел од параполициските партиски структури на ВМРО-ДПМНЕ кои рекетираат и аминуваат криминал во Источна Македонија?
Дали Томо Донев е изоставен само затоа што е член на ВМРО-ДПМНЕ и редовно ги посетувал состаноците на партијата во Кочани?
Како е можно и покрај сите информации кои ги имала полицијата, службени белешки од полициски службеници, објави на социјални мрежи дека во дискотеката нелегално се користат пиротехнички материјали, началникот за криминалистички работи кој е надлежен над сите инспектори во Кочани да не одговара за катастрофалниот пропуст на полицијата кој доведе до ситуација во која 62 лица го загубија својот живот, а 200 да бидат повредени?
Како е можно да нема одговорност кај полицијата за нелегалната употреба на пиротехнички материјали“, додаде Костовски.
Оценува дека токму Томо Донев е по херархија надреден над Отсекот за оружје, експлозиви и опасни материи во Кочани кој морал по Закон да врши надзор над употребата на пиртотехника во градот.
„Како е можно и покрај сите јавно објавени фотографии од дискотеката Пулс на кои се гледа нелегално се користи пирхотеника никој да не направи надзор и контрола дали оние кои управувале со пиротехниката имаат дозвола за ракување со истата?
Дали партијата е пред правдата?
Дали личните интереси на Христијан Мицкоски се поважни од солзите на мајките во Кочани?
До кога обвинителството ќе молчи пред фактите и доказите кои упатуваат на кривична одговорност кај голем број актуелни полициски функционери“, вели Костовски.
СДСМ, како што нагласи, нема да запре со име и презиме да ги именува оние кои ја завија Македонија во црно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа