Перински: Време е еднаш засекогаш да реализираме една изборна единица

 

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, вечерва гостуваше во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, каде што изрази цврста поддршка за воведување на моделот на една изборна единица, како праведно и потребно решение за изборниот систем во земјава.

„Темата една изборна единица се актуелизира пред избори, и потоа некако се ладат партиите, и овој процес никако да влезе во финална фаза. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме единствени по ова прашање, и кога бевме во опозиција поддржувавме една изборна единица“, истакна Перински.

Тој нагласи дека е важно партиите да седнат на маса и да разговараат за наоѓање соодветно и консензуално решение, кое ќе обезбеди еднаков глас за сите граѓани, без оглед на нивната географска или политичка припадност.

„Се надевам дека еднаш засекогаш ќе се реализира. Искрено, не очекувам дека овој процес би можел да се реализира пред локалните избори, но би можел на следните парламентарни избори“, додаде Перински.

Моделот на една изборна единица е долгогодишна тема во политичкиот дискурс, со поддршка од помалите партии и граѓански организации, кои го сметаат за начин за поголема инклузивност и правична застапеност во Собранието.

05.06.2025 - 21:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега