Лукровски и Ѓорѓиевски на средба со граѓаните на Злокуќани: Следуваат дoбри денови

 


И покрај силниот дожд над 300 жители на Злокуќани вечерва излегоа на средбата со граѓани која ја одржавме заедно со мојот пријател, кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски.

-Во населбата Злокуќани имавме можност да ги чуеме барањата на граѓаните и да разговараме за нивните проблеми и потреби.

Со ветување и заеднички договор – обврска преземена пред граѓаните – ние ќе се погрижиме тие барања да бидат исполнети.

Злокуќани повеќе нема да биде заборавено, следуваат дoбри денови и за Злокуќани и за Карпош во целина, нагласи тој.

03.09.2025 - 22:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега