Мајката на Ноа неутешна: Јас погребав вреќа коски, а тој нема ни ронка каење
Уште еднаш е одложено судењето на Огнен Дабети, кој на брутален и свиреп начин ја уби 18-годишната Ноа Миливојев во неговиот стан во Белград, Србија, копирајќи го американскиот убиец Брајан Волш, кој на 1 јануари во Кохасет, во близина на Бостон, речиси во исто време ја уби Ана Волш (37) од Белград.
Ноа, трансродово лице порано познато како Ѓорѓе Миливојев, беше задавена, деловите на нејзиното тело распарчени, па ставени во киселина, во периодот од 23 јуни до 6 јули 2023.
Мајката на убиената Ноа, Боба Миливојев, за српските медиуми искажа длабока разочараност поради одложеното судење.
- Многу сум разочарана! Ноа многу ми недостига. Не знам што да кажам. Убиецот нема ни ронка каење...а таа го сакаше искрено, трчаше по него. Само велеше Оги, Оги....а јас...јас погребав вреќа коски и ништо повеќе, вели мајката низ солзи.
Истражителите останале шокирани кога откриле дека осомничениот со денови читал текстови на Интернет за Брајан Волш, барал „Кој е најдобриот начин за отстранување на телото“, „Што се случува кога деловите од телото ги ставаш во амонијак“, „Дали може да те обвинат за убиство без леш?“, „Колку долго дали е потребно телото да почне да чувствува?“, „Десет начини за отстранување на труп“, „Дали може да се утврди чиј труп е на делумни остатоци?“, „Колку време е потребно за да се распадне телото“. ..
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа