Мајката на трагично загинатата Моника во пожарот во „Пулс“: Додека сум жива ќе се борам за твојата правда

 

Верица Трифунова, мајката на трагично загинатата Моника Спасова во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по повод 100 дена од трагедијата.

Во својот емотивен статус, Трифунова сподели болка, сеќавање и повик за правда, потсетувајќи дека поминале точно 100 дена од кобната вечер кога нејзината ќерка го загуби животот.

„Ја убија твојата убавина, твојата светлина што зрачеше како дијамант… Твојот живот насилно ти го одзедоа алчните и заслепени по материјалните добра“, напиша Трифунова.

Верица вели дека нема место за простување:

„Ладнокрвните убијци што те убија мајкино – ќе горат во пеколот. Нека уживаат сега во земниот живот, но во царството небесно за нив нема место. Додека сум жива – ќе се борам за твојата правда. Нема да дозволам твојата смрт да биде продадена“ – пишува Верица.

Нејзината објава на социјалната мрежа ја заврши со зборовите: „Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш…“, напиша Верица.

24.06.2025 - 17:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега