Манасиевски: Филипче лично ја направил кобната спецификација за изградба на модуларната болница во Тетово
Венко Филипче лично ја направил спецификацијата за изградба на модуларната болница во Тетово, која поради лошите материјали кои биле вградени, а планирани од Филипче, изгоре како кутивче кибрит, а со себе однесе и 14 животи. Лично Венко Филипче дал готова спецификација во одделот на Министерството за здравство задолжено за спроведување на набавката, велат нашите извори, изјави Валентин Манасиевски на денешниот прес.
„Одговорното лице од Министерството за здравство кое се потпишало на спецификацијата дадена од Филипче лично, во исказ пред ОЈО изјавува, цитирам: „Сакам да појаснам дека не сум ја изготвила техничката спецификација, туку само сум ја проследила по налог на министерот Филипче до министерот за труд и социјална политика.“, додаде Манасиевски.
„Ова е исказ на лицето кое Венко Филипче го има назначено за главен и одговорен архитект на сите модуларни, одговорно лице за техничката спецификација и претседател на Комисијата за јавни набавки за 13-те модуларни болници. Очигледно на Филипче не му требал архитект, туку потписник на неговите матни тендери. Венко Филипче е човекот кој е единствено и највисоко одговорен за смртта на 14 живи изгорени луѓе во тетовската модуларна болница“, дециден Манасиевски
Аферата „провизии кои чинат животи“ тотално го демаскира Филипче. Манасиевски најави нови докази утре на прес-конференција во 12 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа