Путин бесен: Режимот во Киев се претвора во терористичка организација
Рускиот претседател Владимир Путин за прв пат коментираше за најновите украински напади на руска територија. Рече дека „намерните напади на Украина врз цивилното население во Русија потврдуваат дека веќе нелегитимниот режим во Киев се претвора во терористичка организација“.
Нагласи дека „на режимот во Киев не му е потребен мир“ и дека за сегашните власти во Киев, мирот „веројатно значи губење на власта“. Путин тврди дека одлуката за извршување на нападите е донесена на политичко ниво во Украина, а целта е да се заплаши Русија.
Според него, украинските сили се повлекуваат по целата фронтова линија и трпат големи загуби, поради што властите во Киев се свртуваат кон организирање терористички напади. Путин повтори дека Москва стравува дека „нелегитимниот режим во Киев се претвора во терористичка организација“, што, тврди тој, се потврдува со напади врз цивилното население, како оние во регионот Брјанск.
„Она што се случи во Брјанск беше целен напад врз цивили. Според сите меѓународни норми, ваквите дејствија се нарекуваат тероризам“, рече Путин.
Додаде дека „нападите врз цивилите имале за цел да го попречат вториот круг преговори“ и дека Украина ќе го искористи секое затишје во борбите за повторно вооружување, присилна мобилизација и подготовка на нови напади.
Рускиот претседател, исто така, тврдеше дека спонзорите на Украина „стануваат соучесници на терористите“.
Исто така, нагласи дека, според него, на украинското раководство му недостасува политичка култура и си дозволува да ги навредува оние со кои наводно се обидува да преговара.
Путин им се заблагодари на службите за итни случаи, железничките работници и другите работници за помошта на повредените во нападите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа