Мемов за заеднички кандидати со ВМРО-ДПМНЕ за Куманово и Центар: Блиску сме до договор
На прашањето до каде е процесот со објавувањето на кандидат за градоначалник на Центар и преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, портпаролот на ЗНАМ Мемов рече:
„Многу блиску сме до договор со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна соработка и поддршка во општините Куманово и Центар. Се разговара и се прават проценки за неколку други помали општини на територијата на државата“.
Запрашан за ставот на партијата во однос на изјавата на минстерот Филков во однос на бандитеровото мнозинстцво, Мемов одговори дека подетални информации за тоа прашање треба да побараат во Министерството за правда.
24.08.2025 - 12:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа