Мицевски: Славески е во сигурни раце за НБРМ, опозицијата нема да го оспори

 


Трајко Славески се има покажано како човек кој знае да се грижи за државните интереси и монетарната политика во наредниот период ќе биде во сигурни раце, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. 

Тој истакна дека не очекува опозицијата да го смени ставот и да гласа за неговиот избор за гувернер на Народната банка.

-Тие го дадоа својот коментар по однос на Трајко Славески кој е предложен за гувернер. Она што деновиве провејуваше низ јавноста, а можев да го видам од сите страни, тоа е дека никој не ја оспори квалификацијата и професионалниот интегритет на Славески. Јас сум убеден дека времето ќе ги дематира СДСМ, рече Мицевски на прес-конференцијата во Собранието во одговор на новинарско прашање. 

Изборот на гувернер на Народната банка денеска е пред пратениците во рамки на 52. седница.

За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство. Славески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, а претходно ги извршување функциите министер за развој и за финансии.

Славески ќе има седумгодишен мандат, а предлогот тој да биде иден гувернер го достави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Таа пред да ја донесе одлуката, разговараше со кандидатите за гувернер, а во информацијата објавена по изборот напиша дека изборот меѓу кандидатите бил тежок и дека се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. 

28.05.2025 - 12:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега