Мицкоски на покана на Орбан со синовите во Будимпешта да го гледаат Роналдо
Премиерот Христијан Мицкоски на својот Инстаграм профил објави дека е во Будимпешта заедно со синовите на покана на Виктор Орбан.
„Ретко сме заедно, уште поретко имам прилика да ја исполнам нивната желба. Овој пат ден поминат со Јован и Антониј. Заедно тројцата во Будимпешта, му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а утре Португалија и гостува на Унгарија во Будимпешта. На поканата на мојот драг пријател Виктор Орбан го имам задоволството да ги поминам овие два дена со Јован и Антониј во Будимпешта. Се гледаме во среда кај Боби во Гази Баба на настан. Вечна Македонија“, напиша Мицкоски на Инстаграм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа