Мицкоски најавува над 200 милиони евра британска инвестиција во здравството

 


Инвестиција поголема од двесте милиони евра во здравството со британската поддршка, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

- Тоа што го разговаравме во првата фаза е инвестиција што ќе биде поголема од двесте милиони евра, но, за тоа колку точно ќе биде, ќе треба процесот да отпочне, исто онака како што отпочна за пругата. Министерството за здравство треба да побара од Министерството за финансии да направи, условно кажано, тендер, со кој, финансиски институции и банки ќе изразат подготвеност и интерес, да го финансираат тој проект. Нормално, најдобрите услови што ќе бидат понудени, ние ќе ги прифатиме, појасни Мицкоски. 

Тој подвлече дека во суштина, се опфаќало довршување на клиничката болница во Штип, изградба на Медицински факултет заедно со нов студентски дом од двесте легла, изградба на болницата во Кичево со здравствен дом и целосна реконструкција на клиничката болница во Тетово.

- Тоа е она што е во прва фаза. Имаме рамка, слободни средства, за да влеземе и во втора фаза, а тоа е оној голем и долговетуван клинички центар во Скопје, истакна тој. 

Мицкоски присуствуваше на денешната презентација на 11 реализирани проекти за 11 месеци, на Клиниката за детски болести. 

25.06.2025 - 13:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега