Митева: Жителите на Трубарево не се евакуирале и покрај отстапениот објект

 


Нема лица од Трубарево кои доброволно се евакуирале во Центарот за обука на МВР во Идризово кој беше отстапен за сместување за жителите чии домови се во близина на местото на пожарот што избувна вчера пред 14 часот во складиште за рециклирање отпад.

Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека тоа е информација што ја има до почетокот на прес-конференцијата што заедно со министерот за животна средина Изет Меџити и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов ја имаа во Владата.

На новинарско прашање каде бил вчера премиерот Христијан Мицкоски, Митева одговори дека претседателот на Владата е во постојана комуникација со сите надлежни институции и дека фокусот на Владата е да се санираат инцидентите и да се спречат поголеми штети.

-Институциите беа во комплетна координација и ценам дека надлежните институции кои ја координираат оваа работа е да ги дадат првичните информации. Се разбира, претседателот на Владата беше во постојана комуникација, координација за состојбите, вклучувајќи ги и градоначалниците, институциите и одговорните компании, додаде Митева.

14.09.2025 - 13:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега