Тошковски: Уништени се над 4 тони дрога и над 100 парчиња оружје
Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по уништувањето на запленети дроги и оружје во кругот на фабриката „Макстил“.
Со процесите на уништување на секој грам дрога и секое парче оружје, посочи дека државата покажува оти безбедноста на граѓаните во земјава и безбедноста на младите се крева на едно повисоко ниво.
Во денешната акција, додаде тој, унуштени се над 4.000 тони марихуана, 18.000 стебла марихуана, 79 килограми цвет и над 21 килограм други видови дрога, амфетамини, кокаин, хероин... Уништени се и над 100 парчиња оружје и над 1.000 парчиња чаури и останати компоненти од оружје.
- Овие се постари дрога и оружје собрани во претходните години каде што има завршено правосилни постапки. Во иднина ќе следат уште многу поголеми количини, рече Тошковски.
Упати порака до сите македонски граѓани кои изминатиот период биле подложни на одредени криминални банди во реоните на Скопје, Западна Македонија, Југоисточниот дел на државата, дека со нивно решевање запленети се количини нелегална дрога и оружје кои во иднина ќе бидат уништени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа