Муцунски на НАТО Самитот во Хаг: Единството е клучна алатка против заедничките закани
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Хаг учествува на Самитот на НАТО, синоќа присуствувал на работна вечера со земјите членки на Алијансата во формат Совет НАТО – Украина, на која биле и украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, како и високата претставничка на Европската Унија, Каја Калас.
Муцунски на својот Фејсбук профил објави дека во обраќањето што го имал на работаната вечера нагласил дека кохерентноста и единството се најсилната алатка за справување со заедничките закани и предизвици.
- Потенцирав дека потребата да сториме повеќе и да инвестираме повеќе во нашите одбранбени капацитети мора да остане приоритет број еден за сите нас, при што континуираната координација е единствениот начин да постигнеме заеднички успех. Го подвлеков и значењето на постигнување праведно и долгорочно решение за Украина, поздравувајќи ги иницијативите за директни средби меѓу претставниците на Украина и Русија, поддржани од САД и европските сојузници. Изразив и подготвеност за натамошна поддршка од наша страна, согласно со капацитетите и можностите со кои располагаме, наведува во објавата шефот на дипломатијата Тичмо Муцуснки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа