Невремето го уништи Загреб: Ураганот кршеше дебели дрвја, настрада неподвижен човек
„Ги скрши сите дрвја. Видете, сè падна. Страшно!“, изјави за „Јутарњи лист“ жител на загрепски Врбик, каде што невремето вчера го опустоши Загреб каде искрши десетици дрвја, од кои некои дебели и по еден метар.
Голем број загрепчани, од кои некои постари од 70 години, велат дека досега не доживеале вакво силно невреме во метрополата. Речиси нема ниту една улица или парк во Загреб што не ги претрпел последиците од разорниот ветер кој почна околу 16 часот и 30 минути и за половина час ја уништи метрополата.
За време на тој половина час, кој го најави страшната облачност, налетите на ветрот налик на урагани се менуваа со силен дожд, кој во еден момент се претворил во ледена прашина носена од ветрот. Повеќето луѓе, навреме се засолниле, но оние кои поради некоја причина не успеале, а бурата ги затекнала на отворено, доживеале сцени слични на оние од филмовите за урагани.
„Човекот беше тежок за движење, секој ден седеше таму во паркот. Мислам дека неодамна доживеа мозочен удар и не можеше да се движи“, велат жителите на Вијенец, кои вчера немо ја набљудуваа полициската истрага за мажот кој загина.
Двајца загинати и 60 повредени, од кои десет потешко, е епилогот што засега е познат по невремето во Загреб.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа