Николовски: Новиот тим на Царинската управа е максимално посветен на испорачување резултати и спроведување проекти

 

На денешната трибина на тема „Од енергетска стабилност до силна економија“, се обрати Бобан Николовски, директор на Царинска управа кој дискутираше за проблемите наследени од претходната влада како и за драстичната промена на подобро со Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Така Царинската управа на Република Македонија требала во буџетот да внесе средства, меѓутоа средствата ги немало. Што начекавме, незадоволувачки број на контроли, апсолутно немање на ангажман, една девастирачка Царинска управа којашто немала ни волја да ја извршува својата основна функција, откривачки дејства сведени на минимум, царински испостави кои со месеци не беа забележале ниту една заплена, значи дека царинската управа имала клуч. Клучни проекти за царинска управа и држава не биле започнати а оние коишто беа започнати биле без напредок и со делумно изминати рокови за испорака“, објасни Николовски.

Николовски истакна дека Царинската управа сега има нов менаџмент со нов тим која е максимално посветена на испорачување на резултати и спроведување на проекти.

„Не можам никако да ви објаснам колку тоа енергија вложивме во Царинската управа како нов менаџмент со нов тим, а со тоа да не ја поругаме Македонија во европски рамки, за да завршиме некои проекти што некој на време не ги сработел. Сето ова се одразувало и на наплатата на приходи, приходите незадоволувачки затоа и така ни се движеше државата во тој правец, негативен се разбира. После точно една година од назначувањето на новиот менаџерски тим, имаме нова стратегија за развој, нова мисија и нова визија. Изградивме тим кој испорачува заеднички тимски резултати, соодветни луѓе позициониравме на соодветни места. Спроведуваме мерки за градење на интегритет, подобрување на професионализмот во самата Царинска управа, казнуваме по заслуга но и наградуваме по заслуга. Новиот тим има максимална посветеност на испорачување на резултати, почитување на рокови и спроведување на проекти“, дециден е Николовски. 

09.07.2025 - 22:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега