Османи: Пораката од Борел е дека иднината на Чаир е во европските фондови

 

 


„Вчера беше важен ден за Чаир, навистина важен ден затоа што човекот кој ја води надворешната политика на 27 земји-членки на Европската Унија, централната фигура на ЕУ, Жозеп Борел, упати порака директно до граѓаните на Чаир. Пораката е дека ако сакате подобра иднина, таа може да се обезбеди само преку фондовите на Европската Унија.“ Вака одговори кандидатот на Алијансата за интеграција за општина Чаир, Бујар Османи, на новинарско прашање, нагласувајќи дека токму затоа веќе формирал Специјална Работна Група која работи исклучиво на европските фондови.

Ако постои некој што ги познава тие фондови, како функционираат, каде се аплицира, која е постапката, кои се луѓето што одлучуваат – тоа е човек кој работел со тие фондови, кој три години бил државен координатор за ИПА фондовите,“ изјави Османи кој беше три години коориднатор на ИПА фондовите во Северна Македонија.
„Затоа вчера формирав и Специјална Работна Група која во рамки на општината ќе се занимава исклучиво со апсорпција на европските фондови, милионски фондови кои ќе бидат насочени кон развој на проекти. Мислам дека ова е втората голема разлика во овие избори. Првата е: ‘Чесноста наспроти корупцијата’, а втората: ‘Способноста за менаџирање и привлекување европски фондови наспроти неспособноста да се обезбеди и едно евро од европските фондови’,“ заклучи Османи.
 
 
28.08.2025 - 13:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега