Австралиски државјанин пронајден мртов во хотелска соба во Битола
Вчера во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С.(69) од Австралија.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
28.08.2025 - 15:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа