Пријателите ги бираме врз база на гените
Истражувањата на американските научници од Јејл и Универзитетот Калифорнија покажале дека пријателите делумно ги бираме според нивните гени, особено оние кои имаат влијание на нашето однесување и оти генетски сме слични со своите пријатели отколку со тотални странци.
- Изненадува фактот дека пријателите се послични еден на друг отколку што сме очекувале и дека според генетските фактори ни се како роднини по четврто колено, објасни генетичарот Џејмс Фаулер од Универзитетот Калифорнија.
Научниците го спровеле истражувањето врз 1.932 возрасни лица, анализирајќи милион и пол генетски маркери на целосни странци кои не биле во крвно сродство.
Податоците им овозможиле да предвидат кој на кого би можел да му стане пријател врз основа на слични генотипи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа