Таткото на Мајкл Џексон претрпел мозочен удар
Таткото на Мајкл Џексон, Џо Џексон, претрпел мозочен удар за време на неговата посета на Бразил, пренесува АП.
Во соопштението на болницата во Сао Паоло се наведува дека Џексон е примен во болницата во недела попладне и се наоѓа на одделението за интензивна нега.
Исто така, наведуваат и дека има проблеми со срцето, меѓутоа не наведуваат детали за моменталната состојба.
Џексон во Бразил во неделата го прославил својот 87. роденден.
Оцени ја веста
27.07.2015 - 13:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа