Животот сè поскап – се зголеми синдикалната кошница за дополнителни 1.217 денари
Минималните месечни трошоци за живот на едно четиричлено семејство во Македонија во мај 2025 година достигнале 63.908 денари, покажуваат најновите пресметки на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ова претставува зголемување од 1.217 денари во однос на претходниот месец, што дополнително ја влошува економската состојба на македонските домаќинства.
Најголем пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалаци, кои само во мај пораснале за 954 денари и сега изнесуваат 22.434 денари месечно. Ситуацијата е уште потешка за семејствата кои живеат во изнајмен стан, бидејќи според ССМ, во такви случаи вкупните месечни трошоци достигнуваат дури 79.283 денари.
ССМ остро реагира на континуираниот раст на цените, особено во услови кога платите не ги следат реалните животни потреби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа