Заштитете се од рак - примете ги овие чекори
Докторот Хоаким Скуез, кој предводи истражување, објасни дека станува збор за препораки кои поединците можат да ги применат со цел да ја избегнат најстрашната болест - ракот.
1. Немојте да пушите или да конзумирате било каков облик на тутун.
2. Одржувајте го домот без чад од цигари.
3. Преземето чекори за вашата телесна тежина да биде здрава.
4. Бидете активни во секојдневниот живот и ограничете го времето кое го поминувате со седење.
5. Држете здрава диета: Јадете интегрални житарки, овоше и зеленчук. Не внесувајте висококалорична храна и избегнувајте пијалоци со шеќер. Избегнувајте преработено месо и намалете го внесувањето на црвено месо и храна полна со соли.
6. Пијте ограничено алкохол.
7. Избегнувајте изложување на сонце, ова посебно важи за децата. Користете заштитни креми и избегнувајте солариуми.
8. На работното место заштитете се од супстанците кои предизвикуваат рак.
9. Дознајте дали сте изложени на високо ниво на радон во сопствениот дом. Пронајдете начин да ја намалите изложеноста на високо ниво на радон.
10. Доењето го намалува развојот на ракот кај мајката.
11. Вакцинирајте ги вашите деца: Хепатитис Б, Хуман папилом вирус.
12. Учествувајте во организирани акции и програми за првенција од ракот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа