Необично пријателство: Наместо да го изеде, овој волк го засакал својот плен

 

Пријателството понекогаш доаѓа неочекувано, но кога едно пријателство е практично невозможно, станува приказна која се пренесува со генерации.

Ова пријателство е помеѓу животни, и тоа не било кои туку, магаре и волк од Албанија.

Ова пријателство започнало во 2008 година, а приказната е толку неверојатна што се раскажува и денес.

Во 2008 година, еден селанец фатил волк на планината Паток во Албанија и го донесол во своето село. Го сместил во кафез, а поради тоа што не знаел со што да го нахрани, тој во кафезот му донел живо магаре, со цел волкот да го убие и изеде. Но се случило нешто неверојатно: не само што волкот не го изел магарето, туку тие станале вистински пријатели. Тоа пријателство трае веќе со години.

Волкот и магарето живееле под ист покрив, во мир и хармонија, заедно јаделе.

Откако светските медиуми ја пренел оваа приказна, за која дознале голем број на луѓе, се појавила петиција која од албанската влада барала од селанецот да ги одземат магарето и волкот  и да ги пуштат на слобода.

Властите не можеле да постапат поинаку и под големиот притисок ги ослободиле двајцата пријатели.

Волкот набрзо се нашол во својата шума, а и магарето завршило на слобода.

Но овие двајца пријатели и понатаму се среќавале, бидејќи волкот многу често го посетувал магарето кое слободно шетало на ливадите.

 

 

Оцени ја веста

06.09.2015 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега