Јаневска за можната замена на Таравари: Одлуката е на Владата
Владата има премиер, а веројатно има и преговарачки тим. Тоа е нивна работа, тие ќе кажат како ќе биде, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговорајќи на новинарско прашање дали можеби таа ќе дојде на местото на Таравари кој најави излегување од Владата, а е министер за здравство.
На прашањето дали ќе прифати ако и предложат таква позиција, Јаневска кажа дека е рано да се размислува за такво нешто.
-Сосема е рано да се размислува за такво нешто, ќе кажат тие што се одговорни, кога ќе дојде тој момент, тогаш ќе разговараме, истакна Јаневска.
Таа изјавата на Билал Касами дека е можно секторот здравство да го добие ВМРО-ДПМНЕ ја слушнала од медиумите.
-Како министер за образование имам толку многу работа да досработам што навистина не мислам, ниту сум вклучена во тие преговори и повторно ќе кажам, има одговорно лице кое ќе каже како треба да биде, подвлече министерката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа