Голема акција на МВР - Уапсен познат струмички бизнисмен
Утрово БЈБ по налог на надлежниот Јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и Ристо Крмзов, познат струмички бизнисмен.
Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ. Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор, кој со години беше омилен канал за перење пари.
Опфатени во пријавата се 15 правни лица и 23 физички.
Ристо Крмзов важи за близок бизнис соработник на семејството на екс премиерот Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа