Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода
Во текот на денешниот ден (25.07.2025) два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи Бел 412 и Агуста Бел 212 активно дејствуваа во гасењето на пожарот на планината Плачковица и пожарот во струмичко.
При тоа беа фрлени повеќе од 30 тони вода.
-Продолжуваат активностите на полициските хеликоптери и во наредните денови, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава, велат од МВР.
25.07.2025 - 21:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа