Полицајци со хеликоптер спасувале војник кој се повредил на пожар (ФОТО)
Полицајци со хеликоптер спасувале воено лице кое се повредило на еден од активните пожари во државата.
Во спасувачката акција бил вклучен полицискиот хеликоптер Агуста Бел 12.
-Во исклучително тешки услови беше извршено драматично спасување на С.Н. од македонската Армија од првата пешадиска бригада од Штип за време на неговата несебична борба со огнената стихија. Полициските службеници уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и одговорност кон секој еден човек пред се. Активностите на полициските хеликоптери продолжуваат се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа