УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
Управата за јавни приходи соопшти дека заклучно со 25 јули годинава евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на обврските поврзани со данокот на додадена вредност (ДДВ).
Според последните податоци, не се поднесени ДДВ-пријави од 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници. Пријавен, но неплатен ДДВ-долг е евидентиран кај 1.326 месечни и 7.748 тримесечни обврзници, наведуваат од УЈП.
Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, порачува дека непочитувањето на законскиот рок е сериозен прекршок.
- Сите обврзници кои не поднеле ДДВ-пријава и/или не го платиле ДДВ-долгот се повикуваат итно да постапат согласно законските прописи. Даночната дисциплина не е избор, туку законска обврска и одговорност на секој граѓанин и компанија — темел за функционална држава, вели Петрова.
Од УЈП поосчуваат дека веќе се доставени персонализирани известувања до сите ДДВ-обврзници кои имаат пријавен, а ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Преку координирано постапување и интензивна комуникација со даночните обврзници и со сметководителите, се спроведува целосен сет активности и мерки — со цел да се избегнат блокади на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата.
За секој ден на задоцнување, се пресметува камата во износ од 0,03% од преостанатиот долг. По доставата на опомените, ќе се пристапи кон присилна наплата кај сите обврзници кои нема да го подмират долгот доброволно, укажуваат од УЈП.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа