Пијани и бесни: Полицијата апсеше несовесни возачи на истокот од држвата

 

Полициски службеници утринава во 1:48 часот во Кочани го лишиле од слобода Т.С.(36) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај сопреле патничко возило, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта.  

Исто така,  во 2:40 часот на уицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода З.М.(35) од село Моштица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „чироки“ со италијански национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,00 промили алкохол во крвта.  

Вчера, пак, во 13:25 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода Н.И.(39) од Штип. При контрола во патниот сообраќај тие сопреле товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,36 промили алкохол во крвта.  

Вчеравечер  во 2:49 часот  на уицата „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници  го лишиле од слобода И.Д.(55) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвт.

Тие биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

27.07.2025 - 10:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега