Премиерот: Нова инвестиција во автомобилската индустрија со повеќе од 30 милиони евра

 

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес одржа прес-конференција во медија Медија центарот на Владата.

– Денес испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Со особено задоволство ја објавувам новата инвестиција на Гемтерм, глобален лидер во автомобилската индустрија, кој покрај веќе постоечката во Прилеп започнува со свој план во процесот за проширување токму овде. Гемтерм со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигирна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции, изјави премиерот Мицкоски.

Инвестицијата согласно деловниот план на компанија ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра, со нови до 300 вработувања.

-Станува збор за високо интегрирани системи во автомобилската индустрија со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство. Ова значително ќе го зголеми извозот на ова високо техноложко производство кое докажува дека сме конкурентни на тој пазар, потенцира Мицкоски.

03.07.2025 - 11:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега