Андовски: Во болницата во Кавадарци донирани опрема и медицински материјали од ОМД
Во болницата во Кавадарци се донирани опрема, апаратура и медицински материјали од големо значење за регионот, донација од Обединета македонска дијаспора, истакна денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, кој беше во работна посета на болницата.
Донацијата, која е во вредност од околу 450 илјади долари и ќе се користи во сите медицински одделенија во болницата, како што истакна Андовски, уште повеќе ќе ги подобри здравствените услуги кон пациентите.
-Ние како министерство, покрај тоа што сме фокусирани на вложувања во инфраструктура и опрема, во првата група од триста приватни специјализанти во кавадаречката општа болница со проширена дејност, вработивме четири приватни специјализанти. Во втората група, доколку има интерес, повторно се можни вработувања во оваа болница. Доделени се и шест нови државни специјализации тука, во тек е вработување и на 20 медицински лица и технички персонал, нагласи Андовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа