Активни 4 пожари на отворено

 

Според последниот пресек направен утрово на територијата на земјава евидентирани се вкупно 22 пожари на отворено од кои 4 се уште се активни а 3 се водат како пожари под контрола.
Активни се пожарите во Василево, два пожари во македонски брод и еден пожар во прилепско. Секаде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација.
Како што утрово информираше Центарот за управување со кризи, пожарот кај селото Желино е ставен под контрола исто како и пожарите во шумските делови во околината на Велес и Струга.

21.07.2025 - 12:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега