Едногодишно дете пронајдено во безсознание во базен во пелагониско
Доктор од Општата болница „Борка Талески” во Прилеп вчера околу 20:30 часот пријавил дека кај нив било донесено едноипол годишно дете.
-Според кажаното од неговите родители С.И. и Б.Т. од с.Заполжани, општина Долнени, го пронашле во базен во нивниот двор во безсознание. На детето му е укажана помош во прилепската болница, по што е пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
21.07.2025 - 14:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа