Пожар во липковското село Ваксинце - видлив е од Куманово

 

Сува трева и нискостеблеста вегетација гори во липковското село Ваксинце. На терен во моментот се три противпожарни возила со осум пожарникари.

- Пожарот кај нас е пријавен во 11:40 часот. Две екипи од почетокот на пожарот се таму. Постојано се разгорува и локализира. Во моментот пожарот е меѓу селата Ваксинце, Лојалне и Речица, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарот е видлив од Куманово

22.07.2025 - 23:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега