Од дома директно во притвор: Кај две лица во Кичево пронајдени 53 пакувања со кокаин

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.П.(30) и А.П.(60), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес во нивниот дом, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево пронашле и одзеле вкупно 53 пакувања со кокаин.

На двајцата им била одредена мерка притвор во траење од 30 дена и биле спроведени во казнено – поправна установа за издржување  на мерката.

22.07.2025 - 22:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега