Мицкоски: можно е гласачкото ливче да е долго 7-8 метри

 

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста да се создаде проблем во изборниот процес со оглед на тоа што независните кандидати можат да учествуваат со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко, но како што истакна, ако тоа се случи и изборите бидат неуспешни Владата има уставно и законско право и можност да именува повереници во општините.

„Не исклучувам и таква можност, се е можно, можно е гласачкото ливче да биде 7-8 метри. Можно е гласачкото ливче да ги обесхрабри граѓаните да излезат да се намали цензусот, но тука сакам да предупредам дека согласно Уставот и законот, ако не е успешен изборниот процес, Владата е таа која што именува владини повереници. Така што неодговорното однесување на поединци и поедини политички партии, резултира со ваков тип на можности. Сега дали тоа ќе се случи ќе видиме за многу скоро од денеска“ рече премиерот Мицкоски.

21.08.2025 - 22:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега