Женски труп плови по Кочанска Река

 

Се уште неидентификуван женски труп денеска попладнево е пронајден во водите на Кочанска Река, јавува локалниот портал Комарец. Според информациите кои се уште немаат официјална потврда, полицијата денеска околу 17 асот добила дојава дека неидентификуван труп плови по Кочанска река во близина на вештачкото езеро Гратче.
На терен веднаш излегле екипи на полицијата и противпожарната служба кои го извадиле телото на жената.
Според првичните информаии, телото неколку дена се наоѓало во водата. Кај жената немало никакви документи за идентификација па затоа се уште и не е познат идентитетот. Телото е предадено на обдукција

28.02.2014 - 20:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега