Новороденче спасено од утробата на мајка убиена во израелски напад врз Газа
Бебе е спасено од утробата на бремена Палестинка која беше убиена во израелски воздушен напад врз јужна Газа, соопштија лекарите во понеделник.
Според Палестинската црвена полумесечина, бебето е породено од медицински тимови во теренска болница во Ал-Маваси.
Мајката на детето е убиена во израелски напад чија цел била куќа во Ал-Маваси, западно од Кан Јунис.Истиот ден, израелската војска ги обнови воздушните напади низ Појасот Газа, при што загинаа најмалку 50 лица, а десетици други беа ранети.
Израел има блокада врз Газа веќе 18 години, а сите гранични премини се затворени од 2 март, што дополнително ја влошува хуманитарната криза за 2,4 милиони луѓе што живеат таму.
И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската војска спроведува офанзива врз Газа од 7 октомври 2023 година, при што загинаа речиси 60.000 Палестинци, претежно жени и деца. Немилосрдното бомбардирање ја опустоши енклавата и предизвика сериозен недостиг на храна.
Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември минатата година за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата воена кампања во Газа
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа