„Оперирале“ во поранешна Железара - полицијата ги фати живи

 

Во кругот на поранешна фабрика Железара, вчера во 1:00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.З.(30) од скопско, А.Х.(24) од Скопје и Б.С.(33) од липковско. 

Како што информира МВР, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, тие биле затекнати при вршење кривично дело. Лицата подолг период вршеле кривични дела во кругот на Железара и со огнено оружје се заканувале кон вработените. 

Во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со нив и во содејство со јавен обвинител е поднесена кривична пријава по брза постапка по член 291 од Кривичниот законик, додека од судија на претходна постапка на тројцата им е изречена мерка притвор од осум дена и биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

08.05.2025 - 18:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега