Откако ќе ги пробате, ќе ги правите постојано! Чипсот од тиквички е здрава ужина која брзо исчезнува од трпезата

 

Наместо да купувате чипс од продавница за кој не сте сигурни како е подготвен, најдобро подгответе си здрави и вкусни грицки дома.

За овој чипс не ви треба многу време, а е далеку поздрав од купечкиот.

Потребни состојки:

1 тиквичка
50гр сусам
100гр пченкарно брашно
Сол, зачин по желба

Начин на подготовка:

Исецкајте ја тиквичката на тенки крукчиња, а потоа посолете ги и оставете ги да постојат 30 минути во солта.

Помешајте го сусамот, пченкарното брашно и зачинот.

Откако крукчињата ќе постојат исцедете ги. Секое крукче намачкајте го од двете страни со смесата која сте ја добиле од сусамот, брашното и зачинот. Потоа крукчињата редете ги во тепсија, која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.

Печете 15 минути на 200 степени, а потоа свртете ги на другата страна крукчињата и печете уште 5 минути.

10.07.2025 - 23:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега