Пеколно утро во Македонија: Скопје „гори“ уште во 8 часот

 


Топлотниот бран што ја зафати Македонија продолжува, со високи температури измерени уште рано утрово.

Во 8 часот, во Скопје се измерени 29.2 степени Целзиусови. Високи температури се регистрирани и во Кавадарци, Виница и Демир Капија со 27.3 степени, додека во Куманово термометрите покажувале 26.4 степени.

Најсвежо во земјава е на Попова Шапка, каде утринава се измерени 19.2 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат големо разладување од среда, кога се очекува продор на посвежа воздушна маса.

07.07.2025 - 10:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега