Време: Освежувањето кратко ќе трае - од идната недела нов пекол

 

Од среда веројатно ќе дојде долгоочекуваното намалување на температурите иако тоа нема да трае долго.
Во среда се очекува температурите да се спуштат до максимални 30 во текот на денот а таквото време ќе се задржи и во четврток и петок. Од сабота повторно се враќаме на високите температури кои веќе во недела ќе бидат на ниво како денеска. Максимални 40 во повеќе делови на Македонија ќе се мерат повторно во текот на наредната недела.
Целата идна недела ќе биде со високи температури а во пресрет на викендот се очекуваат услови за пообилни врнежи од дожд но тие нема значително да ги спуштат температурите.
Во текот на оваа работна недела што е пред нас, ќе се јавуваат услови за изолирана појава на невреме во одредени делови, генерално во попладневните часови.

07.07.2025 - 13:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега