Велковски: Инвестиравме 550 милиони денари за реконструкција и изградба на нови детски градинки

 

За една година како Влада успеавме системски да ги поставиме работите, за веќе денеска системот за социјална заштита и на детска, пред сè, биде на здрави нозе, да нема повеќе корупција во истиот и да нема повеќе злоупотреби на самиот систем. Системот за социјална заштита продолжуваме да го надоградуваме и во иднина ќе биде уште подобар во полза на граѓаните, вели Ѓоко Велковски заменик министер за социјална политика, демографија и млади на денешната панел-дискусија насловена „600 милиони евра за развој и локален прогрес“ одржана во рамките на настанот Саем-Отчет.

Велковски посочи дека Македонија по Устав е социјална држава и во однос на тоа треба да се градат нашите системи и политики.

„Она што го добивме како поддршка од самата влада, преку министерството за локална самоуправа заедно со општините, каде што морам да нагласам, е одличната соработка којашто нашето министерство го има токму со градоначалниците. Постојано сме во комуникација, да не кажам секојдневна со секој еден од нив и затоа денеска има резултати, токму во областите коишто ги покрива ова министерство. А, тоа е особено во делот на детската заштита, односно оние детски градинки, каде што во директни комуникација со градоначалниците и системски како ги поставивме работите, не како што беше до сега, да се градат градинки за минорен број на деца. Денеска ние го изградивме системот, онака како што треба да биде поставен, а каде што е најпотребен“, рече Велковски.

Тој додаде дека пред една година во Македонија имаше долги листи на чекање во детските градинки, преку 4.500 дечиња чекаа да започнат со детската заштита и грижа, а денес сликата е веќе променета затоа што имаме отворени објекти кои неколку години беа застанати во процесот, а дел ги доградуваме.

„За пример ќе го земам Скопскиот регион каде што овој притисок каде што овие листи се најприсутни, а имавме повеќе од две илјади дечиња кои чекаа за запишување во градинки. Денеска, преку програмата од Владата и првиот и вториот повик, како и директни инвестиции од страна на министерството, повеќе од 550 милиони денари инвестирани, токму во реконструкција и изградба на нови детски градинки, односно 16 само во Скопје“, рече Велковски.

24.08.2025 - 11:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега