Пендаровски: Сиљановска е невидлива и не се прашува за ништо
Претседателката Гордана Силјановска Давкова е невидлива во областите во кои треба да биде највидлива. Ова го изјави поранешниот претседател Стево Пендаровски, во интервју за Дојче Веле.
- „Надлежностите на претседателот на државата утврдени со Устав се надворешна политика, одбрана и безбедност. И ова последново, предлог за гувернер на Народна банка е дојден од владејачката партија. Тоа е јавна тајна кај нас. Меѓутоа во делот каде што вие имате ексклузивна надлежност, на пример директор на Агенција за разузнавање или заменик-директор, началник на Генералштаб итн. Сите предлози се дојдени од страната на владејачката партија. Значи практично во она во кое сте вие ексклузивно надлежни, вие имате ситуација како со гувернерот сега последниот пат да премиерот вели: Јас закажав седница во Собрание со спикерот. Не ве прашува вас, а вие сте тој кој треба тоа да го предложите. Замислете, со сите овие турбуленции кои се случуваат последнава година, не само Украина, туку генерално сѐ што се случува, вклучително и новата администрација во САД која го потресе целиот свет, најголемите сојузници на Америка, вие немате ниту една средба на Советот за безбедност. Значи, од кадровската политика, до практичната- конкретна политика ваша, содржина во политичкото поле, вие сте практично или следбеник на владата или избегнувате да си ги преземете и да ги вршите вашите функции според Уставот“, рече Пендаровски во интервјуто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа