ОН: Планот на Израел да ја преземе контролата врз Газа е опасна ескалација

 

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги критикуваше коментарите на Израел дека планира да ја преземе контролата врз Газа.

Неговиот портпарол рече дека одлуката претставува „опасна ескалација“ што ќе резултира со присилно раселување на Палестинците.

Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање контрола врз Газа за понатамошно проширување на воената офанзива на Израел. Планот предизвика остри критики во таа земја и во странство.

На прашањето вчера за време на гостувањето на „Фокс њуз“ дали Израел ќе го окупира целиот Појас Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече: „Имаме намера да го сториме тоа“.

08.08.2025 - 22:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега