По 4.000 за секое прваче во оваа општина

 

Општина Лозово и во претстојната нова учебна година ќе обезбеди ваучери од 4.000 денари за сите ученици кои оваа есен ќе почнат во прво одделение. Средствата се наменети за набавка на училишен прибор и облека, како поддршка за родителите во подготовките за новата учебна година.

Градоначалникот Бошко Цветковски информира дека Одлуката едногласно е донесена на последната седница на од Советот на Општина Лозово.

Тој потенцира дека оваа мерка е дел од заложбата на локалната власт  за помош на семејствата и вложување во иднината на децата.

-Модерно и квалитетно образование со задоволни ученици, родители и наставници е нашиот врвен приоритет. Затоа, продолжуваме да ги слушаме потребите од образовната заедница и да креираме квалитетни мерки, кои ќе донесат добри резултати, потенцира Цветковски.

18.08.2025 - 17:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега