Почина затвореник од затворот во Шутка
Министерството за внатрешни работи сподели информација дека во текот на вчерашниот ден, починало лице од затворот во Шутка, откако претходно побарало лекарска помош.
На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош. Од страна на доктор од Итна медицинска помош во 15:58 часот била констатирана смрт, без траги на насилство.
31.08.2025 - 14:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа