Пожар на повеќе локации кај Смилковско езеро, Стефковски очекува прекин на електричната енергија
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вечерва објави дека има пожар кај Смилковското езеро.
-Вечерва на повеќе локации е подметнат пожар на Смилковско езеро. Сообраќајот од обиколницата е во прекин! Екипите со кризниот штаб се на терен, објави Стефковски.
Тој додава дека се очекува да има прекин и на електричната енергија.
09.07.2025 - 23:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа