Приведен пироман од Скопје - утрово подметнал пожар на автопатот Скопје - Тетово

 


Утрово околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од село Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица, информираа од полицијата. 


 

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

30.07.2025 - 10:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега