Пукање во Скопје: 30-годишник пренесен во болница

 


Вчера во 21.16 часот во СВР Скопје, З.Д.(30) од с.Цветово, скопско, пријавил дека во с.Варвара, скопско, по претходна расправија со Е.Б. и Р.Б., двајцата од с.Елово, скопско,  Е.Б. пукал кон него и му нанел повреда во ногата.

Потоа З.Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.

27.05.2025 - 14:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега